Вчерашните журки на патот накај Сончев град во Сопиште продолжија и денес, дознава 24 инфо. Дваесетина коли наредени на едната страна на патот, гласна музика и уживање на сонце е сликата која моежеше да се види денес.
Во моменот нема припадници на полицијата. Колите се оставени покрај патот до затворениот дел и потоа се оди пешки нагоре. Дел се на журката, а дел уживаат на сонцето. Ова е втор ваков случај, откако пред неколку дена по редуцирањето на работното време на кафулињата беше растурена забава и на Водно.
Како што објави 24 Инфо, младите наоѓаат секакви начини за забава, па се собираат и во луксузни вили во Соње, Сопиште, Илинден, но и во Раштак и Радишани.
Според информации на 24 инфо се изнајмуваат викендици како за прослави за родендени за 250 до 500 евра за вечер и се собираат по триесетина луѓе.
(В.А.)