„Аџибадем Систина“ става пет мобилни болници на располагање на граѓаните

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ покрај сите свои слободни капацитети и респираторни машини кои по потреба ги стави на располагање на граѓаните на Македонија, по претходен договор со Министерството за здравство, дополнително располага и со мобилни болници со кои ќе ги зајакне капацитетите за сместување на пациенти.

„Аџибадем Систина“ располага со 5 мобилни болници – шатори кои може да се транспортираат низ целата територија на земјата. Мобилните болници имаат сопствен приклучок на струја, а во истите по потреба ќе се инсталираат респираторни машини и сета друга неопходна медицинска поддршка за третман на пациентите. Овие 5 мобилни болници се опремени со кревети оддалечени на растојание од 2 метра и нивниот вкупен капацитет е 70 легла.

Овие мобилни болници доколку се јави потреба целосно ќе бидат на располагање на граѓаните на Македонија заедно со медицинскиот тим на „Аџибадем Систина“, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави