Бајден најверојатен противкандидат на Трамп

Повеќето од гласачите на партиските избори за претседателски кандидат на Демократската партија во Илиноис, Флорида и Аризона веруваат во Џо Бајден.

Гласачите во тие американски држави сметаат дека тој е подобар кандидат од Берни Сандерс, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата „Едисон Рисрч“.

Како што пренесува Ројтерс, анкетата е спроведена телефонски за време на изборниот процес во кој учествуваа бројни демократски гласачи наспроти епидемијата на коронавирусот.

Овие резултати се уште еден силен показател за предност на поранешниот потпретседател Бајден во моменти кога поради ширење на коронавирусот е одлучено да се одложат партиските избори на републиканците во неколку други сојузни држави.

Американците денеска се повеќе загрижени поради епидемијата на вирусот отколку што беа пред две недели, покажуваат оделни анкети на Ројтерс и Ипсос.

Треба да знаете
Последни објави