Симптоми на коронавирусот „Ковид-19“ се треска, кашлица, останување без здив, замор кој се чувствува со денови пред да се појават симптомите.
Со ширењето на вирусот и воведувањето вонредна состојба, многу е важно да се препознаат навреме симптомите на болеста за да се заштитите себеси и оние околу вас.
Според Светската здравствена организација, некои пациенти, покрај треска и кашлица, имале и дијареја.
Исто така, има и случаи на луѓе кои се заразени, но не покажуваат никакви симптоми ниту се чувствуваат лошо.
Ако имате благи симптоми, препорачливо е да се изолирате 7 дена од моментот кога ќе се појават знаците на болеста.
Покрај дијарејата, германскиот виролог Хендрик Штерк идентификуваше нови симптоми на коронавирусот со истражување на пациенти во северниот регион Рајна-Вестфалија, каде што многумина се заразени. Тој открил дека речиси третина од пациентите се жалеле на губење на мирис и вкус во текот на неколку дена.
Вирологот вели дека овие симптоми се јавуваат кога инфекцијата веќе е при крај.