Единаесет лица засега се уште во карантин во воениот Центар за обука Пепелиште

Единаесет лица кои се вратија од странство, засега се уште се во карантин во воениот Центар за обука Пепелиште.  Оваа информација за МИА ја потврдија од Центарот за јавно здравје Велес.

Епидемиолози на Центар за јавно здравје Велес биле таму уште синоќа, кога пристигнале лицата во карантин.

-Сите се во ред, но денеска се побара од нас повторно да се отиде и да се прегледаат. Нема ниеден сомнителен. Уште еднаш нашата екипа ќе направи теренско извидување, па после тоа ќе видиме дали и каде ќе бидат префрлени, рекоа од Центар за јавно здравје Велес.

Од Центарот за јавно здравје Велес не знаат зошто биле најавени да дојдат 200, а пристигнале само 11 лица во карантин.

Министерството за Одбрана утрово ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште – Криволак, ќе бидат преместени на нова локација.

Како што известивме вчера, Центарот за обука во Пепелиште е само привремен простор каде треба да се извршат епидемиолошките прегледи согласно медицинскиот протокол. Тимот на Министерството за здравство утрово ќе ги заврши прегледите по што веднаш лицата ќе бидат преместени во реновираниот Завод во Демир Капија.

Треба да знаете
Последни објави