Развој на Занаетчиството на локално и државно ниво датира од многу одамна, добро развиено Занаетчиство значи и застапување на интересите на занаетчиите на странскиот пазар и јакнење на нивната конкурентност. Модерните занаетчиски регионални комори кој ја формираа и основаа Занаетчиската Комора на Република Северна Македонија се стремат да го издигнат и покажат дека Занаетчиството е се околу нас, и дека со Занаетчиство може да се живее и работи.
Законот вели дека занаетчиска дејност е занаетчиско производство, занаетчиска услуга, уметничко занаетчиство и домашното ракотворење.Меѓу другото, а со оглед на битноста на развојот на занаетчиството за развој на целата земја, неминовно акцентирање на улогата на Регионалните комори како институции кој придонесуваат за развој на занаетчиите , а со самото развивање и на ЗКРСМ, која ќе биде двигател на развој на општи стандарди, едукацијата, со поставување на стандарди на занаетчиски производи ќе се овозможи на поволна финансиска и кредитна политика, за развој на занаетчиството.
Но новонастаната ситуација во државата зарди коронавирусот, сметаме дека е потребно и ние како дел од стопанството кое во мометот е целосно блокирано, да се преземат чекори за надминување на кризата каде занаетчиството е директно погодено. Наш предлог е да се ослободат занетчиите од придонеси за плата и персонален данок на доход за месеците Март,Април ,Мај или се до моментот додека не се стабилизира состојбата во државата. Даваме исто така предлог да овозможат и времен престанок на занаетчиите кој се во директен контакт со луѓето како Фризер,Козметичари,Педикири Маникири.