Обвинетите на 13 овој месец со авионски лет допатувале од Р.Германија – земја со висок ризик на зараза на Меѓународниот аеродром во Скопје. Покрај упатството со кое им било укажано за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, тие не постапиле по Одлуката на Владата на РСМ за мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирус.
Во критичниот период од 14.03.2020 – 17.03.2020 година контактирале со повеќе лица, дури и биле во Отсекот за управни работи во Валандово. Со овие дејствија обвинетите го сториле кривичното дело што им се става на товар.