Крис Мартин изведе во живо неколку песни од дома во склоп на сесиите на солидарноста на Global Citizen Festival (Фестивал на глобални граѓани): Заедно, домашни сесии среде пандемијата на коронавирус.
Фронтменот на „Колдплеј“, куратор на Фестивалот на глобални граѓани, одби да му дозволи на Ковид-19 да го спречи да им свири на своите фанови и наместо тоа, ги послуша барањата и изведуваше препеви на хитовите на бендот, вклучувајќи ја Viva La Vida како и класиката Life on Mars на починатиот Дејвид Боуви.
Хитмејкерот Крис призна дека заборавил некои текстови од постариот каталог на својот бенд.
Во текот на стримингот на Instagram Live (Инстаграм во живо), Крис искрено призна: „Тешко е да се биде поп ѕвезда – не знаеш кој те мрази и кој те сака.“
„Додека бев на работа, пробав една песна со ауто-тјун (аудио ефект), мислев дека е супер, но сите го свртеа носот.“
Крис претходно објави на Твитер: “Здраво на сите. Се надевам дека вие и вашето семејство сте безбедни и здрави. Ако некој од вас сака да разговара и да слуша музика, одам во живо на Coldplay Instagram за околу 30 минути (13:00 часот во Лос Анџелес/ 20:00 часот во Лондон).“
Џон Леџенд, Кејт Урбан, Нил Јанг и Јангблад се меѓу многуте музичари кои сцената ја заменија со својот дом исто со цел да ги забавуваат своите фанови среде пандемија.