Лицата од Пепелиште ќе бидат сместени во реновираниот Завод во Демир Капија

Министерството за Одбрана ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште – Криволак, ќе бидат преместени на нова локација.

Како што известивме вчера, Центарот за обука во Пепелиште е само привремен простор каде треба да се извршат епидемиолошките прегледи согласно медицинскиот протокол. Тимот на Министерството за здравство утрово ќе ги заврши прегледите по што веднаш лицата ќе бидат преместени во реновираниот Завод во Демир Капија.

 

Треба да знаете
Последни објави