Мартин Поповски од следната сезона во Швајцарија

Македонскиот репрезентативец Мартин Поповски следната сезона ќе ја игра во шампионатот на Швајцарија, во екипата на Амичитија од Цирих. Швајцарскиот клуб се пофали со ангажманот на екс-играчот на Вардар, а до неодамна на Пролет.

Мартин Поповски од следната сезона ќе биде нов член на швајцарскиот клуб Амичитија од Цирих.Швајцарскиот клуб се пофали со ангажманот на екс-играчот на Вардар,а до неодамна на скопскиот клуб РК Пролет 62.

Со Мартин добиваме одличен леворак ракометар на крилна позиција, што по потреба може да игра и на бековската позија,а  воедно добиваме и на значително меѓународно искуство“, ијзави Томас Хер, директорот на клубот за официјалниот веб сајт на швајцарскиот клуб.

Мартин, кој е веќе стандарден репрезентативец на Македонија и има европско злато со екипата на Вардар стави потпис на двегодишен договор.

Треба да знаете
Последни објави