Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Новинарско прашање: Господине Мицкоски ставот на Пендаровски во однос на кризна состојба на ниво на цела територија на Македонија е дека нема човечки капацитети ниту во Армијата, ниту во полицијата, ниту здравствен персонал, ме интересира дали вчера на лидерската средба ваков проблем беше истакнат, дали беше дискутирано за ова, дали Македонија може да покрие кризна состојба?
Одговор: Не, тоа не го кажаа на вчера на лидерската средба, тоа го слушнавме вечерта на гостувањето на господинот Пендаровски на една телевизија, а во текот на вчерашната вечер и утрово слушнавме од владини мегафони и протежеа дека државата практично би колабирала ако се прогласи кризна состојба. Што значи дека не само што не блескаме, туку ние се наоѓаме во еден тотален хаос и распад на општеството и тоа никој не излегува денеска да го признае во државата. Потоа ќе ги гледате како се натпреваруваат кој повеќе прес конференции ќе одржи таму, за да се допадне во јавноста, не е тоа суштината, ова е битка којашто бара сериозни и одговорни луѓе, коишто знаат како да се справат со ова, да донесат Протоколи како да се справиме со пандемијата, а не кој колку повеќе ќе се дотера во одела и колку повеќе прес конференции ќе одржи. И денеска се наоѓаме во една многу лоша и хаотична ситуација, а ситуацијата уште повеќе ќе се продлабочува.
Новинарско прашање: Од вчерашната лидерска средба каков е вашиот впечаток за тоа дали е ситуацијата под контрола или не, какви ви се информациите?
Одговор: Самата влада кажува дека ќе колабира системот, доволно е тоа. Претседателот на државата ви кажува дека ќе колабирал системот, што повеќе ние да зборуваме.
Новинарско прашање: Што ќе преземе ВМРО-ДПМНЕ?
Одговор: ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку недели апелира и вели дека сите капацитети ги ставаме на располагање, таму каде што сме потребни сме подготвени да делуваме. Со идеи, со предлози, на терен во првите редови. Се што е расположлив капацитет на ВМРО-ДПМНЕ, човечки и било каков стои на располагање. До овој момент од самобендисаноста немаме никаква повратна одлука од страна на владата.
Новинарско прашање: Господине Мицкоски вчера се одржа Експертската група, таму се професорката Каракамишева и Сиљановска веројатно имате информации дали се усогласени самите аспекти за одржување на изборите ?
Одговор: Ја не би ги изнесувал поединостите од Експертската група, оставам тој што ги организираше, а тоа е господинот Пендаровски, како што разбрав денеска ќе имал прес конференција, добро е да го прашате лично да ви каже. Но, од пристојност ја нема да пренесувам што е таму разговарано и што е договарано. Ќе ве молам во 14 часот, кога ќе има претседателот прес конференција да го прашате, бидејќи тој бил присутен, изворно да ви каже што било договорено.
Новинарско прашање: На една од вчерашните средби кај Пендаровски, СДСМ инсистирале на итно повикување на Собранието, ваш коментар околу тоа?
Одговор: СДСМ инсистираше да биде повикано Собранието, од наша страна аргументиравме дека тоа е спротивно на Уставот и втора работа којашто ја споменав е дилемата што ги прави тие 120 или 150 луѓе внатре во Собранието поимуни од страна на другите кога имаме во овој момент забрана за организирање на собири. Ние имаме 150 луѓе што ќе бидат во собраниската сала, се поимуни од останатите? Целта е сосема друга, политичка, лукративна, не за здравјето на граѓаните, поинакви се желбите на СДСМ и противуставна е било каква иницијатива за собирање на Собранието и тоа не е исто сега да се собере и во минатото. Во минатото уставниот суд ја поништи одлуката за распуштање на Собранието со одложено дејство. Сега имаме распуштено Собрание и не е исто. Тоа е разликата и најголемиот дел од избраниците на политичките партии тоа го сфатија и не поддржаа дека не е иста состојбата тогаш и сега. Доста е со правниот преседани, доста е со кршење на Уставот. Доста е дотерани одела и прес конференции, каде се протоколите, знаеме ли во каква состојба е државава, до каде се државните резерви, што се случува со економијата, со оние луѓе кои вчера требаше да бидат во карантин тие 191? Кој ќе сноси одговорност, има ли одговорни во државата, каде е одговор на ова прашање. Колабира системот и треба да јавноста да и е јасно. Затоа се што може ВМРО-ДПМНЕ да помогне стоиме на располагање и ги повикувам сите политички партии тоа да го направат. Оваа битка не подразбира партија, нација вера, ова е битка за спас на секој човечки живот и здравјето на граѓаните. Погледнете иста е кампањата на министерот Филипче и оние партиски слогани на СДСМ, ни фонтот не го смениле. Истата пи ар агенција, срамота.
Новинарско прашање: Господине Мицкоски заборавате дека и вие сте дел од власта и дека заедничка е одговорноста и има право на вето?
Одговор: Немаме право на вето, има одлуки кои што со закон се дефинирани каде можат нашите технички министри, но овие одлуки не се тие одлуки
Новинарско прашање: Дали е време за вакви пресови во оваа ситуација?: Господине Мицкоски заборавате дека и вие сте дел од власта и дека и дека заедничка е одговорноста и има право на вето?
Одговор: Немаме право на вето, има одлуки кои што со закон се дефинирани каде можат нашите технички министри, но овие одлуки не се тие одлуки
Новинарско прашање: Дали е време за вакви пресови во оваа ситуација?
Одговор: Точно одговорноста е заедничка и стоиме на располагање и со овие пресови секој ден ја потсетуваме владата колку е неспособна и колку колабираше системот и колку самата признава за колапсот.
Новинарско прашање: И вашите министри?
Одговор: Сето она кое што го прави владата во овој момент, ние имаме министер за внатрешни работи и тој и се обраќа на јавноста и кажа со какви проблеми се соочува. Јас зборувам за постапките на надлежните. Доцнат седум до десет дена. Овие мерки кои што една или две ги прифати денеска делумно владата, ги предложивме уште во петокот, што правеа седум дена? Еве денеска слушаме дека една странска инвестиција отпушта третина од вработените, тоа ќе се случи со сите останати. Ќе се доведеме во ситуација ако нема итна акција ќе се доведеме да не можат граѓаните да не можат плата да земат.
Новинарско прашање: Претпоставувам дека за овие прашања зборувате за колапсот во економијата здравството, а не за безбедноста?
Одговор: Апсолутно.
Новинарско прашање: Безбедноста добра е?
Одговор: Зборувам за колапсот на системот, апсолутно во секоја пора во општеството, безбедноста од тоа што можам да забележам, а се однесува на тие две општини ставени во карантин Дебар и Центар жупа, гледаме дека се се одвива безбедно. Вие имате донесено забрана за слетување на авион, истата не е објавена во Службен весник затоа што задоцниле и денеска во 12 часот слетува авион, чија е таа одговорност? Ќе сноси ли некој одговорност?