Нови мерки поради коронавирусот, Америка препорачува видеопренос на погреби

По светската ескалација на кризата со коронавирусот, американската Агенција за здравствена заштита апелираше до ожалостените драстично да го променат начинот на вршење погреби, или да го сторат тоа преку видео, објави „Би-би-си“.

Кажано е дека погребите треба да бидат ограничени на мал број физички присутни лица и да се овозможи онлајн пренос за сите други.

Директорот на едно погребално претпријатие во Њујорк, изјавил за локална веб-страница дека пасторот вршел услуга преку веб-камера кога забраните за патување во државата го спречувале да присуствува.

САД не е првата земја што ги менува погребните церемонии, а во Велика Британија некои погребални претпијатија нудат пренос во живо, во Ирска на ожалостените им било кажано да не го бакнуваат телото на починатиот, па дури било предложено да се одложат и сите услуги. Најригорозни се мерките во Италија, новиот центар на вирусот, каде што погребите се целосно забранети, пренесува „Би-би-си“.

Треба да знаете
Последни објави