Приведен сопственик на кафуле во Добридол, затекнале 12 гости

Полицијата вчера го привела В.Џ.(57) , затоа што при контрола спроведена во содејство со Државен пазарен инспекторат во неговото кафуле и интернет- кафе во селото биле затекнати 12 гости, со што постапил спротивно на владината одлука и мерките и препораките за заштита од вирусот Ковид-19.

На тој начин сторил кривично дело„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 од Кривичниот законик.

В.Џ. е задржан во Полициска станица Гостивар и во текот на денот со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

Треба да знаете
Последни објави