Спасовски: Вонредна состојба не значи и полициски час

Премиерот Оливер Спасовски рече дека вонредна состојба не значи и полициски час.

-Што ќе се случува во вонредната состојба ќе зависи од однесувањето на граѓаните. Тоа значи нормално работење и нормално движење на граѓаните.Воведување вонредна состојба не значи дека по автоматизам ќе се воведат рестрикции на слободите и движењето на граѓаните. Доколку дојде до нови рестрикции и мерки, тие одлуки ќе се носат на дневно ниво, како и до сега, за што граѓаните редовно ќе ги информираме.Вонредната состојба и дава можности на Владата и се создаваат услови за брзо и ефикасно спроведување на мерките за превенција и заштита на здравствената состојба на граѓаните. За заштита и одбрана на нашето општество, на нашата економија. Само со вонредна состојба Владата ќе може да дејствува непречено во борбата со вирусот.Само со вонредна состојба Владата ќе може да спроведува мерки за спас на економијата и за помош на погодените граѓани и компании, рече Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави