Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров во колумна за „Дојче веле“ имаше пофални зборови за наследникот Венко Филипче. Тој посочи дека на министерот, Комисијата за заразни болести и сите надлежни лекари и експерти одлично се борат со епидемијата.
– Дозволете ми, ослободувајќи се од таа министерска суета, како поранешен вицепремиер и министер за здравство да истакнам дека и актуелниот министер за здравство Д-р Венко Филипче и Комисијата за заразни болести, во која членуваат многу искусни наши доктори и експерти, но и сите останати здравствени работници и соработници одлично се борат со Ковид-19. Сакам јавно да им честитам и да им се заблагодарам на сите овие луѓе кои во добар дел и одлично, лично ги познавам, за целата организација, за смиреноста и мудроста со која ги носат и спроведуваат одлуките. Добро е што ниту избрзуваат, ниту доцнат со одлуките, туку носат навремени и исправни решенија – пишува Тодоров.