Тројца скопјани повредени во судир на „пасат“ и „рено“ кај клучката за Приштина

На 17.03.2020 во 21,30 часот било пријавено дека на обиколницата „Пријателство“, во близина на клучката за Приштина, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко  возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(38) од Скопје и патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(24) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „рено“, Љ.Ј.(24) од Скопје, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, за укажување на лекарска помош.

Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, по што биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави