На 18.03.2020 во 06.00 часот од полициски службеници од СВР Скопје, по превземени мерки на ул.„Антон Попов“, бил лишен од слобода Л.И.(29) од с.Орланци, по кој се трага со наредба поради бегство од затвор. Тој бил приведен во Полициската станица Кисела вода за понатамошна постапка.
На 17.03.2020 во 07.00 часот од полициски службеници од СВР Скопје по преземени мерки на ул.„Брсјачка Буна“ бил пронајден и лишен од слобода Д.О.(28) од Скопје, по кој се трага со потерница поради бегство од затвор. Тој бил приведен во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.