Меган Маркл (38) и принцот Хари (35) се во изолација во Канада. Меган им се доверила на пријателите дека Хари бил загрижен затоа што кралицата Елизабета (93) и принцот Чарлс (71) се изложени на ризик да бидат заразени со коронавирус, пренесува „Дејли мејл“.
„Тие се благодарни што успеаја да поминат заедно извесно време пред да започне ова лудило. Хари разговарал со својата баба и татко. Тој им рекол да се чуваат и да преземат дополнителни мерки на претпазливост“, изјави близок пријател на двојката.
Меган презеде мерки за да го заштити своето семејство. Таа бара од сите кои се во нивниот тим, односно од луѓето кои купуваат намирници и вршат нарачки, да носат ракавици од латекс и да се придржуваат кон строг протокол за хигиена.
„Само малкумина ќе можат да комуницираат со неа, со Хари и со Арчи“. И тоа е сведено на минимум“,рече изворот.
Но, без оглед на ситуацијата, Меган и Хари работат со експерти за да се договорат како најдобро да и служат на јавноста додека се во изолација. Тие сметаат дека пандемијата е криза на менталното здравје и се чувствуваат присилени да помогнат.