Бројот на смртни случаи во епидемијата на коронавирус во Италија надмина 2.500, додека бројот на заразени со Ковид-19 во земјата е далеку над оние во Кина – каде што почна епидемијата – со повеќе од 31.000 активни инфицирани, пренесува РТ.
Со нови 345 смртни случаи во последните 24 часа, вторникот беше меѓу најсмртоносните во Италија по појавата на Ковид-19 што го зафати поголемиот дел од медитеранската нација, со што бројот на починати достигна 2.503 од вкупно потврдени 31.506 случаи.
Бидејќи заразата за прв пат беше забележана во Италија кон крајот на февруари, земјата набрзо стана најтешко погодено жариште на коронавирус во Европа, со брза ескалација на бројот на заболувањата и стапката на смртност во однос на повеќето други засегнати земји.
Експлозијата на зараза и смртни случаи предизвика блокада на целата земја минатата недела, ставајќи 60 милиони граѓани под строг режим на движење и затворајќи ги повеќето бизниси низ целата земја.