Вкупно 35 лица се заболени со коронавирусот во земјава, новите четворица скопјани позитивни на вирусот се поврзани со брачната двојка од Скопје, која вчера беше дијагностицирани. Сите се во стабилна состојба, стабилна е и состојбата на жената од Дебар, која од пред неколку дена е ставена на респиратор, рече министерот Венко Филипче.
Според него, се тестираат две лица од Куманово и едно од Скопје, како и 17 од Дебар. Имало тестирано и пациентна Клиниката за дигестивна хирургија и тој е негативен.
Од вчерашниот лет од Брисел се тестирани 12 патници, никој немаше позитивен наод, но сите тие како и останатите патници се во домашна самоизолација. Прегледани се и десетмина кои преку Деве Баир се пренесени во Пепелиште. Никој нема вирус. Сите ќе бидат пренсени во Заводот во Демир Капија, рече Филипче.
Тој објасни дека ќе се спроведе засилен скрининг во Струшко наредниве денови, дека има доволно тестови, ќе стигнат и од Кина, а и на дневна основа ќе добива Македонија по 1.000 тестови.