Швајцарија стравува од колапс на здравството

Швајцарскиот здравствен систем би можел да доживее колапс до крајот на месецот ако коронавирусот продолжи да се шири со сегашната стапка, изјави претставникот на швајцарската влада, Даниел Кох.

„Луѓето кои се заразиле денес, ќе контактираат со нас дури за 10 дена. Треба да се осигураме дека растот на вирусот ќе забави денеска, затоа што во спротивно, за 10 дена швајцарските болници нема да можат да се справат со бројката на заболени “, рече Кох.

Според последните бројки на швајцарските власти, досега во земјата се заразени 2.650 лица, при што 19 луѓе починаа, а бројот на заболени веројатно ќе се зголеми во текот на следните недели, пренесува „Ројтерс“.

Кох, кој ја предводи Федералната канцеларија за заразни болести, рече дека брзото зголемување на бројот на пациенти ги спречува властите да добијат точни податоци за бројот на нови случаи.

Треба да знаете
Последни објави