Народната банка на Република С. Македонија ги известува граѓаните:
-И по прогласувањето на вонредна состојба, финансиските институции за коишто Народната банка е надлежен регулаторен и супервизорски орган (банки, штедилници, менувачници и правни субјекти коишто даваат услуга брз трансфер на пари) продолжуваат да работат и да ги извршуваат своите клучни функции, со што нивните услуги и натаму ќе ви бидат достапни.
Како што веќе известивме, ние сме во постојан контакт со овие финансиски институции и тие се подготвени да ви ги овозможат нивните услуги и во вонредни околности.