Македонските репрезентативци во бокс не можат да се вратат во Македонија после настапите на Европските квалификации за Олимписките игри во Токио. Тие беа во Лондон а биле симнати од авионот кој требало да ги врати дома.
Поради затворањето на аеродромите во Скопје и Охрид, Гоце Јанески и Јасин Лама остануваат заглавени во Лондон.Тие се качиле во авионот но од таму им било соопштено дека летот се одложува.



