Авторката на хитот Poker Face признава дека било тешко да се биде во нејзина кожа по низата пропаднати врски – меѓу другите и со поранешниот вереник Кристијан Карино, другиот вереник Тејлор Кини, како и краткотрајната романса со инженерот за звук Ден Хортон – и признава дека имала многу проблеми со нејзиниот нов статус.
Говорејќи на шоуто „Кајл и Џеки О,“ Лејди Гага рече: “Тоа беше навистина тежок процес за мене затоа што поминував низ непријатно време во мојот живот … Јас навистина имав проблем со мојот личен живот, не ми се допаѓаше да бидам сингл. Чувствував дека мојата кариера ја презема контролата и дека всушност немам доволно време за себе, и бев многу тажна.“
Минатиот месец Лејди Гага на службениот Инстаграм обелодени романса со нов маж Мајкл Полански, споделувајќи ја првата слика од нив заедно.
На фотографијата, Гага може да се види како седи во скутот на Мајкл. Но, пејачката на мегахитот Shallow допрва треба да го потврди името на нејзината нова љубов, бидејќи на фотографијата на Гага никој не беше тагнат или обележан, а таа не го именуваше Мајкл во описот во кој пишува: „Супер се забавувавме во Мајами. Им праќам љубов на сите мои мали чудовишта и фанови, вие сте најдобри!“
Минатиот месец тие беа видени како се бакнуваат на балкон во хотел, а исто така беа видени додека се држат за рака и се бакнуваат на новогодишната ноќ.
Извор близок до пејачката тогаш рече: „Гага е во врска со ист човек повеќе од еден месец. Се гледале пред празниците и таа е луда по него”.