Скопските газди на ресторани и кафулиња изминативе десетина дена отпуштија стотина луѓе кои беа вработени во нивните објекти. Вработените за 24 инфо велат дека дел од нив се отпуштени уште на почетокот на месецов кога се појавија првите заболени со корона вирусот. Состојбата ескалира од пред неколку дена кога се затворија кафетериите, а со одлука на Владата рестораните можат само да подготвуваат храна и да ја доставваат или да се земе само од одредени места.
-Не собра сопственикот на ресторанот кој има уште еден објект, но работи и кетеринг. Ни рече дека мора да не одјави на неодредено време додека не се смири состојбата со корона вирусот. Дел од моитеколеги останаа да работат во кујна, но две третини се отпуштени. Барам алтернитивна работа додека трае оваа состојба зосто практично ќе бидам без примања- вели вработен во еден од рестораните во Скопје. Слична приказна раскажа и келнер во скопско кафуле. Вели дека за истиот газда работи десетина години и вака не било никогаш.
-Свесни сме дека кога нема работа во кафулето, нема пари. Но како ќе го преживееме овој период без пари- прашува сега отпуштениот келнер.
Ја прашавме Агенцијата за вработување дали има забележано драстично одјавување на вработени изминатиов период. Од таму ни рекоа дека во Агенцијата во изминатиот период не се забележани нагли промени во реализиација на одјави од задолжително социјално осигурување.
-Агенцијата води евиденција единствено на регистирани пријави/одјави во задолжително социјално осигурување, односно М1/М2 подразбира означување на датумот на почеток на задолжително социјално осигурување и датумот на престанок на задолжително социјално осигурување по основ-работен однос.
Напоменуваме дека реализираната одјава од задолжитено социјално осигурување за едно лице, не значи дека за истите лица не е реализирана нова пријава во задолжително социјално осигурување. (за 1 лице може да има повеќе одјави и пријави во задолжително социјално осигурување (М2/М1) кај ист или различен работодавач. Така, за 1 лице може да има повеќе пријави или одјави и тоа во ист месец, на пример ако лицето било вработено на определено време, па по истекот на определеното работно време се реализира одјава од задолжително социјално осигурување, а потоа за истото лице се реализира нова пријава во задолжително социјално осигурување кај истиот работодавач)- велат во Агенцијата.
Дека има отпуштања кажа и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ-Христијан Мицкоски.
-Почнаа првите отпуштања на вработени и клуч на врата за компаниите. Да напоменам 70-тина проценти од овие компании се мали претпријатија од еден до десет вработени. Во клучните два месеци очекуваме негативното влијание во економијата да изнесува цели 220 милиони евра. Или месечно се губат по 110 милиони евра само по овој основ- вели Мицкоски. Тој побара државата да ги ослободи компаниите од трошоците за придонеси за вработените во компаниите погодени од состојбата со корона вирусот. Тоа се секторите кои што се најмногу погодени, како што се туризмот, угостителството, текстилната, кожарска и сите оние останати сектори.
Другите пак за кои нема слободни викендици прават забави на отворено. Поголема група млади со околу дваесетина автомобили вчера околу 15 часот правеле журка на новоизградениот пат за Сопиште, кој што се уште не е во функција и води кон комплексот Сончев Град.Од автомобилите ечела музика, се пиело и се играло, но по пријава од граѓаните дошла полиција.
(В.А.)