Властите на Чешка заплениле околу 700.000 маски потребни за борба против коронавирус од компанија која почнала да бара повисока цена, рече министерот за внатрешни работи Јан Хамашек.
Чешка, која во вторникот вечерта објави 434 случаи на коронавирус, се соочува со сериозен недостиг на маски и респиратори, што ги натера граѓаните да организираат производство дома.
„Полицијата се бори против профитерите“, рече Хамачек на својот профил на Твитер.
„Компанијата требаше да ги доставува маските на здравствените работници, но во последен момент сакаше да ја зголеми цената“.
Хамачек, со премиерот Андреј Бабис, во вторникот се извини што не обезбедиле доволно заштитна опрема, особено за персоналот во болниците во кои се наоѓаат луѓе што се потенцијално заразени со вирусот.