Шефот на Ф1 тимот Ферари, Матијас Биното изјави дека иднината на Себастијан Фетел е во негови раце.
Оваа година, договорот на четирикратниот светски шампион истекува и најинтересно е прашањето дали ќе биде обновен или не.
– Почнавме да зборуваме за нов договор. Важно е да решиме што е можно поскоро. Ова не е прашање што ќе го оставиме отворено до крајот на сезоната. За него и нас е важно да имаме јасност што е можно поскоро. Тој е во многу добра форма. Мислам дека е фокусиран. Тој знае дека мора да настапува добро. Сега е многу важен момент од неговата кариера бидејќи што и да направи на почетокот на сезоната, ќе биде клучно за обновувањето. Сè е во неговите раце. Мислам дека е мотивиран. Минатата година беше важна за него. Настапот на Шарл го остави неподготвен. Ова повеќе не е точно; тој знае точно какви се критериумите и знае што треба да направи, па мислам дека добро се подготвил во текот на зимата, изјави Бино пред официјалната страница на Ф1.