Деветмината битолски музичари, кои од Австрија преку Деве Баир се вратија во земјава и беа сместени во групниот карантин во касарната во Пепелиште ноќеска се преместени во Демир Капија.
Тие за 24 Инфо рекоа дека условите во заводот се одлични и изразија благодарност до Владата што ги преместила од Криволак.
Сите се добро и се надеваат дека така и ќе остане.