Во Црна Гора вчера се потврдени уште шест нови случаи на новиот коронавирус, со што бројот на заразени се искачи на осум.
Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоќ изјави дека епидемијата почнала да се шири и порача да се почитуваат правилата, мерките за самоизолација и да се држи социјална дистанца.
Тој додаде дека вчера до 18 часот во Црна Гора под здраствено-санитарен надзор се наоѓаат 3.523 лица, меѓу кои и Црногорците кои организирано се вратија во земјата и поради превентива се ставени во карантин.