Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, денеска објави дека следните 14 дена ќе ги помине во самоизолација.
Грабар Китаровиќ ова го соопшти на „Твитер“, по враќањето од Соединетите Држави каде ја затече ширењето на пандемијата.
Таа порача дека ќе ги следи сите препораки за спречување на ширењето на коронавирусот и дека на ваква мерка се одлучила поради одговорноста кон другите.