Милорад Додик, членот на претседателството на Босна и Херцеговина најави дека властите во Република Српска (РС) ќе воведат сопствени контроли на граничните премини и на полициските пунктови на линијата на раздвојување со Федерацијата БиХ. Ваквиот чекор Додик го оправдува како неопходен во борбата против ширење на коронавирусот.
– Има податоци дека воведените мерки за строга контрола на државната граница не се спроведуваат во целост – рече Додик во интервју за РТРС.
Според членот на РС, претседателството на БиХ е нерешителон какви дополнителни мерки да преземе и затоа тие ќе ја преземат ситуацијата во свои раце за да го спречат ширењето на вирусот во нивните средини. Додик искажа и сомнеж во реакцијата на граничната полиција на БиХ, како и во телата на властите на државно ниво.
– Ситуацијата не е ни малку наивна. Затоа РС мора да го регулира прашањето на својата самоодбрана – изјави Додик.
Затоа, наскоро на секој меѓународен граничен премин кој инаку го контролира граничната полиција на БиХ ќе има и пункт на полицијата на РС, чии припадници ќе спроведуваат свои дополнителни контроли на робата и патниците.
-Сето ова нема врска со никаква политиката, туку со борбата против вирусот, нагласи Додик.
Овие негови најави за контролни мерки од РС се оценети како преседан во повоената историја на БиХ, бидејќи со Дејтонскиот договор е утврдено на меѓуентитетската линија на раздвојување мора да постои апсолутна слобода на движење и не смее да има никаков надзор поради тоа што тоа не е никаква граница, туку административна линија која ја означува внатрешната организација на државата.