Кривични и за двајца кичевчани кои не се самоизолирале

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривични пријави против Б.С.(46) од Кичево и С.А.(62) од кичевското село Шутово.

Првопријавениот, на 18.03.2020 година околу 13.30 часот, го напуштил својот дом, иако на 17.03.2020 година, своерачно под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишал изјава дека доаѓа од Австрија, која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус COVID – 19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом во Кичево ќе спроведе задолжителна самоизолација.

На 18.03.2020 година, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициските службеници констатирале дека второпријавениот  не се наоѓа во неговиот дом и не се придржувал кон мерките за 14-дневна самоизолација.

 

Треба да знаете
Последни објави