Кризниот штаб во Гостивар, во кој се опфатени општините Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше, одржаа состанок на кој се разгледа актуелната состојба со коронавирусот и се утврдија мерките што треба да се преземат во наредниот период.
Состанокот со кој, во својство на пертседател на Кризниот штаб, го престедаваше градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, а присуствуваа и градоначалниците на Врапчиште Исен Шабани и на Маврово-Ростуше, Медат Куртовски.
Тројцата градоначалници и претставници на соодветните институции и органи известија за актуелната состојба, мерките што ги преземаат и предизвиците со кои се соочуваат.
Меѓу оние кои известуваа беа командандирот на Полициската станица Гостивар, претставник од Основното јавно обвинителство, директорите на Општата болница и на Здравствениот дом, претставничката на Центарот за управување со кризи, претставничката од Дирекцијата за спасување, како и претставници на разни инспекторати, кои нивните надлежности ги спрвоедуваат на ниво на трите општини.
Општ заклучок беше дека ситуацијата генерално е под контрола и дека проблемите со кои се соочуваат и институциите и самите граѓани, се надминливи и можат да се минимизираат со засилена соработка и координација.
Од состанокот произлегоа следните заклучоци:
– Доследно да се почитуваат препораките на Владата и воопшто да не се прави компромис
– Сите институции да го искористат нивното влијание со цел граѓаните да останат дома
– Да се развие стратегија за изолација на потенцијални случаи заразени со корона вирус и да се обезбедат соодветни услови
– Да се одржи високо ниво на хигиена во сите државни и општински институции
– Движењето на граѓаните да се сведе на можен минимум
– Соработката помеѓу институциите да се подигне на максимално ниво
Исто така, вреди да се напомене дека на состанокот беше заземен став Градскиот пазар да биде затворен, иако за работата на пазарите на отворено, во моментов нема дефинирана одлука од страна на Владата.
Наредниот состанок на Кризниот штаб, градоначалникот Таравари го закажа за во понеделник во 10:00 часот во салата на Советот на општина Гостивар.
Апелот до граѓаните останува ист: Паника НЕ, внимателност ДА. Останете дома!