Интегрален текст од видео обраќање на д-р. Синиша Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ
Прогресијата на ширење на корона вирусот добива на интензитет, но сите заедно можеме да влијаеме на намалување на бројот на новозаразени и степенот на ризик. Затоа потребни е превземање на сет дополнителни итни мерки.
Матичните лекари да добијат јасни и унифицирани насоки на делување.
Да прегледуваат само итни случаи и хронично болни пациенти со висок ризик.
Сите лекари да се стават во функција на здравствениот систем и да се достапни за болниците и инфективните одделенија.
Да се обезбеди адекватна заштитна опрема за целиот здравствен персонал што ќе биде на првата линија на удар и ќе биде изложен на највисок ризик.
Да се активираат пензионираните лекари, специјализантите и студентите по медицина.
Во секој град да се обезбеди и прецизно да се дефинира објект или простор за задолжителен карантин.
Да се само изолираат и да се ограничи непотребното движење на сите лица постари од 65 години кои се со висок ризик, за да се зачува нивното здравје.
Сите констуктивни предлози и совети ќе бидат достапни преку нашата комисија за здравство.
Да се однесуваме дисциплинирано, смирено, одговорно и совесно. Затоа што секој живот вреди.Од сите нас зависи!