До 16 часот дијагностицирани се шест нови пациенти, заболени со коронавирус, рече министерот за здравство, Венко Филипче.
-Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми, како што навеле родителите. Девојчето е на инфективнак линика заедно со мајката и се прави скрининг на лица со кои биле во контакт. Во Дебар се регистрирани три нови случаи на коронавирус, тестовите се направени во рамките на скринингот. Во Скопје е регистриран еден случај, контакт на претходно дијагностицираните. И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија, рече Филипче.
Сите заболени лица се во стабилна состојба, вклучително и пациентката од Дебар, која е на респиратор веќе неколку дена. Во моментов се тестираат 35 лица, за кои Министерството за здравство ќе извести веднаш по добивање на резултатите.
Филипче најави дека дел од болницата „8 Септември“ е адаптиран за потенцијални или позитивни лица на тестотвите, но на кои им се неопходни одредени хируршки и слични интервенции. Утврден е патот по кој ќе се движат за да нема контакт со другите пациенти, а персоналот имал кратка обука на Инфективна клиника. Обезбедени се посебна операциска и посебна ангиографска сала, Кабинет за ехо дијагностика и цел посебен оддел со 22 кревета и две респираторни машини, истакна министерот.
Според Филипче, во Скопје се подготвуваат неколку пунктови за третирање и скрининг на сомнителни лица, со оглед на тоа дека главниот град станува жариште на вирусот, но за истите повеќе детали ќе бидат познати наредните денови.