Холандскиот министер за здравство Бруно Бруинс кратко се онесвести за време на дискусијата во парламентот за коронавирусот, пренесуваат агенциите.
Во еден момент, Бруинс паднал од говорницата додека ги слушал прашањата. Неговите колеги веднаш му помогнале.
Откако се освестил, Бруинс рекол:
„Ви благодарам за поддршката. Страдав од несвестица и исцрпеност. Одам дома сега да се одморам за да можам да се вратам на работа утре и да се борам против кризата.“