Логично е дека економијата ќе има последици и тоа големи последици. Колку сме посвесни и потрезвени, толку побрзо ќе се снајдеме. Ова се првични мерки и се само најавени мерки. Државата е свесна дека помагајќи во бизнисот си помагаме и себеси, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев во емисијата Клик Плус.
-Ова се првични мерки кои ги организираме како држава. Првично тие се насоени кон трите најпогодени сектори во моментот, како угостителството, туризмот и транспортот. Граѓаните треба да знаат дека Владата е свесна што се случува- целта ни е да немаме отпуштени работници и затоа е неопходно да бидеме солидарни. Низ такво одговорно однесување ќе ги пребордиме овие месеци. Верувам дека ќе најдеме начин да се справиме со предизвикот. Прво буџетот мора да биде стабилен. Буџетот ни е ликвиден. Имавме раст на БДП од 3.6 отсто минатата година. Затоа велам дека спремни влегуваме во решавање на економските проблеми. Ако продолжиме со соработката со коморите, ако сите заедно сфатиме што ни претстои, тогаш верувам дека ќе успееме да ја пребродиме кризата, иако сега се уште се справуваме со здравствената криза.Верувам дека преку одговорно однесување на сите, ќе излеземе победници. Буџетот пред кризата беше ликвиден и стабилен. Растот беше солиден и буџетот беше издржлив, за да можеме да ја издржиме кризата. Ако сите сфатиме колку се можностите, верувам дека ќе успееме успешно да се справиме со коризата, рече Заев.
Тој посочи дека треба брзо да се дејствува зошто и бизнис секторот и коморите очекуваат брзо дејствување.
„Јас немам никакви предрасуди, нека се вградат сите стручни експерти, без разлика дали се од ВМРО-ДПМНЕ или дури лица, ниту пак е тајна трошењето. Ќе ги земеме парите кои сите ќе ги враќаме, а ќе помагаме заеднички и на бизнисите и на граѓаните. Треба заедно, рамо до рамо, без политички калкулации да помагаме на нашето стопанство. Првите мерки ги испорачавме, тие ќе дадат резултати“, посочи Заев.