Пандемијата од коронавирусот не познава националност, вера и политичка определеност. Ги погодува подеднакво сите и затоа е неопходно во овие вонредни околности да се обединиме и заеднички да делуваме во заштитата на нашето здравје, е пораката од заедничкиот состанок на координаторите на советничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ што се одржа во кабинетот на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, соопштија од Општината.
-На состанокот беше потврдена заложбата за заедничка вклученост на сите релевантни фактори, вклучително и претставници од советничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во борбата со предизвиците кои ги носи актуелната состојба и преземање конкретни мерки во наредниот период, а согласно ингеренциите на Општината, дополнуваат од локалната самоуправа.
На состанокот биле поздравени сите досегашни мерки кои ги презела Општината итие да продолжат да се реализираат со зајакнување и поддршка од сите надлежни институции.