Италија денеска постави црн рекорд откако ја надмина Кина со најголем број пријавени жртви од новиот коронавирус кој се шири низ планетата.
Додека Кина јави за првиот ден без нови домашни случаи на коронавирус, сега Европа урива рекорди по бројот на заболени и жртви од Ковид-19. Италијанските власти вечерва пријавија нови 427 смртни случаи, со што вкупниот број достигна 3.405 жртви. Кина, каде вирусот за првпат се појави во декември минатата година, досега има евидентирано 3.245 жртви.
Глобално, бројот на смртни случаи од вирусот надмина 9.000.