Лана Кондор во средата на социјалните мрежи го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека Ковид-19 постојано го нарекува „кинески вирус“ или „Кина вирус“.
22-годишната американска актерка по потекло од Виетнам постираше Инстаграм стори во кое му испраќа порака на Трамп (73) во врска со неговата терминологија.
„Биди подобар. Навистина е кошмар да се разбудиш во твојот хаос. Те молам биди подобар. За моите следачи – бидете безбедни. Ве сакам “, напиша таа во објавата за нејзините приближно 9,6 милиони следачи.
„Не си свесен за последиците на твоите расистички зборови и постапки врз азијскоамериканската заедница,“ напиша таа на својот Инстаграм. Ти едноставно не можеш да ја сфатиш опасноста во која што ја ставаш нашата заедница. Како се осмелуваш? Треба да се срамиш од себе.“
„Ти себе се нарекуваш лидер? Знаеш ли што прават лидерите? Тие водат со поставување добри примери и акција,“ напиша актерката, обвинувајќи го Трамп за ксенофобија.