Михајловски: Останете дома, читајте, и гледајте театар онлајн

Интегрален текст од видео обраќање на Тони Михајловски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани граѓани на Република Македонија.

Театарот е место каде што се отсликува животот со сите добри и лоши работи што тој ги носи со себе. Во театарот, за разлика од животот , мртвите стануваат да се поклонат на крајот кон публиката. Во животот тоа не е така. Господ те чува онолку колку што се чуваш и ти.

Затоа е најдобро ние самите да го заштитиме своето здравје. Сега се потребни совесност, одговорност и посветеност. Само така ќе се однесуваме човечки и одговорно кон блиските и кон љубените, кон соседите и кон сите останати. Да извлечеме поука од минатото.

Секогаш кога сме биле сложни, разумни и посветени- сме победувале. Верувам во победата над овој невидлив непријател. Останете дома, читајте, и гледајте театар онлајн. Македонија има сила и за оваа победа, затоа што секој живот вреди!

Треба да знаете
Последни објави