Списанието „Плејбој“ го затвори печатеното издание, во екот на пандемијата со коронавирус.
По 66 години, списанието ќе продолжи да ги објавува своите содржини само на Интернет, со повремено специјално издание кое ќе излегува во печатена форма.
Магазинот кој со децении беше синоним за сексуалната револуција преку мешавина на голи фотографии и најразновидни содржини, ќе го заврши своето печатење во САД по речиси седум децении, објави Плејбој Ентерпрајзс.
Списанието, кое со години се бореше за профитабилност, особено по смртта на неговиот основач, Хју Хефнер во 2017 година, на крајот стана жртва на пандемијата со коронавирус којашто го зафати светот.
Хју Хефнер, основачот на списанието за возрасни Плејбој почина на 91 годишна возраст.
Хефнер почна да го издава Плејбој во 1953 година. Списанието стана најдобро продаваниот магазин за мажи во светот. Во најдобрите години се продаваа по 7 милиони примероци месечно.Во првото издание беа објавени голи фотографии од Мерилин Монро, кои Хефнер ги откупил за 200 долари.Издавањето на магазинот од Хефнер направи милионер, кој подоцна го прошири бизносот во казина и ноќни клубови