Имајќи ги во предвид негативните консеквенци од здравствената криза и неможноста на учениците да следат нормална настава поради мерките за заштита од COVID-19 вирусот, нашиот тим ја отвори платформата JetMinds целосно бесплатно сè додека траат мерките.
Се надеваме дека со ова ќе придонесеме до рецудирање на негативните ефекти од епидемијата.
Доколку ви се потребни повеќе информации, ве молиме контактирајте не на jetminds@sigmoidgroup.com
За JetMinds
- JetMinds е прва македонска интернет платформа каде учениците од основните и средни училишта можат да учат онлајн, материја направена од врвни инструктори и на македонски јазик, која ја прати официјалната програма на државата;
- Платформата е достапна на следниот линк: jetminds.org
- JetMinds е нов продукт кој беше лансиран во декември 2019 година;
- JetMinds во моментот нуди материја по математика, но наскоро ќе биде проширена материјата и со други предмети (физика, хемија, биологија, итн);
- Платформата JetMinds е развиена од страна на Сигмоид ДОО – IT компанија специјализирана во областа на Data Science;
- Тимот позади JetMinds брои повеќе од високо-квалификувани 20 луѓе, вклучително доктори на науки, магистри и кадри со повеќе од децениско работно искуство;
- Продуктот е развиен со комбинација од сопствени средства и инвестиција од страна на Фондот за иновации и технолошки развој;
Технички карактеристики
- JetMinds нуди видео лекции кои ги прикажуваат проблемите од училиште на илустративен начин, со примери од секојдневието, кој секој може да ги разбере;
- Платформата нуди огромен број на задачи, достапни за секоја тема и прикажани низ повеќе нивоа, со крајна цел да се осигура усовршување на тековната материја пред изучување на нови материјали;
- JetMinds нуди детална аналитика за родителите, каде прецизно и транспарентно може да се прати колку ученикот учел редовно, колку од материјата ја познава и како се споредува по различни параметри со други деца на негова/нејзина возраст;
- Платформата препорачува теми кои ученикот треба да ги совлада, а се собрале како пропуст во знаењето. Препораките ги прави со помош на применета вештачка интелигенција или т.н. машинско учење;
- Платформата е оптимизирана за користење на десктоп или лаптоп компјутер, иако не постои директна пречка за нејзино користење на мобилен телефон.
Што JetMinds не е
- JetMinds не е замена за официјалниот образовен систем или училишните часови. Напротив, продуктот има за цел да ги дополни истите;
- JetMinds не е замена за приватни часови туку е комплементарен продукт кој може да се искористи и од страна на приватните професори за уште подобар ефект. Иако, секако е економски подостапен ресурс за многу ученици и семејства.
Како JetMinds прави пари
Наша цел е JetMinds нуди високо-квалитетно образование за што е можно поголем број на ученици. За таа цел, монетизацијата на продуктот е базирана на freemium моделот.
Голем дел од платформата, вклучително сите видео лекции, е достапна за користење бесплатно за сите корисници. Останатите премиум функционалноси се достапни со претплата. Исто така, JetMinds покажува и соодветни реклами на корисниците кои го користат системот бесплатно.
Премиум функционалности на JetMinds се:
- Огромен број на задачи
- Детална аналитика за родителите
- Препорачани теми врз база на вештачка интелигенција
- Учење без реклами
Овие премиум функционалности се достапни на JetMinds со два премиум пакети:
- Месечна претплата во износ од 350 мкд
- Полугодишна (3 месеци + 1 гратис) за 1050 мкд.
Плаќањата на JetMinds се вршат електронски.