Лекарите од Клиниката за инфективни болести во Џенова соопштија дека со експериментален лек успешно излекувале 79-годишен маж заразен со коронавирусот, јави дописникот на МИА.
Како што изјави првиот главен лекар во клиниката Матеро Бесети, се работи за антивирусно средство со широк спектар на дејство, а лекот кој е првично направен за да се третира ебола, го разви американската компанија „Џилид Сајанс”.
– Го имаме првиот случај на лице кое оздраве со помош на овој лек. Двете анализи покажа дека тој сега е негативн на вирусот и веќе е пуштен дома, изјави Бесети, кој додаде дека тоа за нив било момент за воодушевување и дека со истиот лек сега ќе се обидат да им помогнат и на другите пациенти.
Како што пренесе словенечката Поп ТВ, клиничките испитувања на овој лек се одвиваат и во Соединетите Американски Држави, а во тестирањето на лековите против Ковид-19 ќе се приклучи и Хрватска, најави директорката на Клиниката за инфективни болести во Загреб.