Во извештајот на невладината организација за човекови права „Соутрн поверти лоу сентр” (Southern Poverty Law Centеr) се наведува дека во САД постојат 155 „бели” националистички групи, што е за 55 проценти повеќе во споредба со 2018 година.
Додека вкупниот број на групи, што шират омраза се намали на 940 од 1.020 во 2018, што беше рекордна година. Според СПЛЦ, тоа најверојатно се должи на падот на бројот на неонацистички групи откако се распаднаа две такви фракции.
– Падот е маргинален бидејќи растот на движењата на белите националисти претставува растечка закана за демократијата, изјави портпаролката на СПЛЦ, Лециа Брукс.
СПЛЦ, групата што пропагира омраза, ја дефинира како таа чии изјави, принципи или постапки настојуваат да нападнат или омаловажат цела група народи.
Брукс наведе дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги охрабри десничарските групи уште од 2016 година и неговата предизборна кампања, која на „белите нациојналиси им даде енергија”.
Таа додаде дека многу групи се организираат преку интернет.
– Наместо да се придружуваат кон групата, тие го користат интернетот за да се вмрежат, финансираат и да се прошируваат со нови членови, истакна Брукс.
Според СПЛЦ не е забележан раст само „кај белите” националистичкки групи, но регистриран е раст, од 18 проценти, на антиимигрантските групи.