Во Хрватска 102 лица се заразени со коронавирус, соопшти хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на денешната владина седница.
Според најавите, денеска треба да бидат објавени 10 нови потврдени случаи, а досега се знае дека од нив, едно лице е од Дубровник, пренесува порталот „Индекс“.
Претходно директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, изјави дека маж кој во Истра починал додека бил во самоизолација, всушност бил позитивен на коронавирусот, но додаде дека тоа не значи oти приина за смртта е токму вирусот, пренесоа хрватските медиуми.
Причината за смртта ќе биде официјално објавена по обдукцијата.