Европа мора да покаже солидарност во борбата против корнавирусот, кој нема национален идентитет, па затоа човештвото треба заедно да се справи со него, порачаа министерот за надворешни работи Никола Димитров и германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, кој денеска имаше „виртуелна работна посета” на земјава.
Рот истакна дека сите граѓани на земјава треба да знаат оти не се оставени сами во справувањето со коронавирусот.
– Сега сме обвзрани на солидарност. Вирусот нема национален иденетитет и човештвото треба заедно да ја намине пандемијата, при што посилните треба да им помогнат на послабите, изјави Рот на заедничката видео прес-конференција со Димитров.
Рот нагласи дека приоритет на секоја земја е да ги заштити своите граѓани, при што мора да се води сметка за економските последици од пандемијата на Ковид-19 и да се обезбеди луѓето да не се плашат од болеста.
Димитров, од своја страна, порача дека пандемијата на Ковид-19 за само неколку дена го врати со децении наназад досегашниот светски поредок на тотална глобализација, поради што потребно е да се демонстрира пошироко европско заедништво и солидарност.
Шефот на дипломатијата повика земјите од регионот на Западен Балкан да бидат вклуечни во сите платформи на Унијата за справување со вирусот и побара од ЕУ да ја разгледа можноста за пренасочување на средства од ИПА фондовите за справување со социо-економските позледици од пандемијата.
– Генерално, време е да покажеме европска солидарност, нагласи Димитров.
Во однос на средбата на Советот за општи работи и Самитот на ЕУ, најавни за идната недела, на кои се очекува да биде дадено зелено светло за старт на преговорите за членство со земјава и со Албанија, Димитров истакна дека донесувањето на таква одлука би било многу важно за да се покажа дека и во услови на пандемија „можеме да се бавиме и со други работи”.
Рот, од своја страна порача дека на ЕУ и е потребна одлука за почеток на преговори со земјава и со Албанија, додавајќи дека е оптимист оти следната недела лидерите на членките на Унијата ќе дадат зелено светло.
– Ве молам за уште малку трпение и луѓето во Северна Македонија да почуставуваат дека ЕУ е со нив, додаде Рот.