ЕУ предупреди дека со појавата на пандемијата на Ковид-19 дошло до зголемување на понудата на „лажни производи” кои се продаваат на Интернет, а кои наводно служат за спречување на ширењето или лекување на коронавирусот.
Во Брисел ги предупредуваат потрошувачите да не наседнуваат на многубројните измами, со кои некои трговци се служат, за по голема цена да ги продадат лажните производи, како што се маски, капи и средства за миење раце.
– Таквите трговци ја користат моменталната ситуација за да ги продаваат своите производи по многу високи цени, тврдејќи дека имаат многу малку на залиха и доведувајќи ги во заблуда потршувачите во ЕУ, вели еврокомесарот за правда Дидие Рејнардс.
Со цел решавање на ова прашање, Европската комисија и мрежата на национални органи за заштита на потрошувачи на ниво на ЕУ покренаа заеднички акции за заштита на купувачите, вклучувајќи и подигнување на свеста на граѓаните.
– Нема да прифатиме трговците да го користат стравот на потрошувачите, предизвикан од избувнувањето на Ковид-19 во ЕУ. некои платформи, како Амазон и Фејсбук, доброволно преземаа акции против таквото огласување. Потрошувачката организација ја зајакна својата работа, а Комисијата и надлежните власти на државите членки ќе ги употребат сите свои овластувања за сузбување на злоупотребите од страна на трговците, порача Рејндерс.