Откако лидерот на Демократскиот сојуз на Косово, партијата членкна на косовската Влада, Иса Мустафа, синоќа побара изгласување недоверба на лидерот на Самоопределување и премиер Албин Курти, тој синиоќа ја обвини ДСК дека го прекршила коалицискиот договор, а сменетиот минитер за внатрешни работи Агим Велиу го нарече „двоен предавник.”
Мустафа синоќа на прес конференција кажа дека ДСК ќе бара изгласување недоверба за Курти затоа што со одбивањето на укинување на таксите за српските производи и за производите од БиХ им штети на односите со САД и заради, како што наведе, едностраната и самоволна смена на Велиу, кој е член на неговата партија.
Курти го смени Велиу од местото министер за внатрешни работи затоа што на завчерашната седница на Советот за безбедност се залагал за поддршка на барањето на косовскиот претседател Хашим Тачи за прогласување вонредна состојба во земјата заради опасноста од ширење на коронавирусот.
Курти на новинарите им соопшти дека никој веќе не верува дека неговата политика е антиамериканска, туку дека е тоа очајнички обид за спас на оние со кои неговата влада сака да се пресмета заради криминалот и корупцијата.
„Косово е веројатно најпроамериканската држава на светот. Косово е земја во која Америка има најголемо влијание во светот. Како тогаш еден антиамерикански политичар може да победи на избори во таква земја. Никој веќе не верува во таквата приказна”, рече Курти.
Тој кажа дека Приштина има, сака да има и ќе има добри односи, широко партнерство и силен сојуз со САД.
-САД и ЕУ, Америка и Европа, потребни ни се и двете. Ние немаме замена за нив и тие не се заменуваат една со друга. Погрешни е да и се каже „да ” на Америка, а „не” на Европа, и обратно. „Да” за Америка и „да” за Европа. Транатлантската врска е од витално значење за Косово и Албанците, рече Курти.
За смената на Велиу тој кажа дека министерот сторил двојно предавство и дека Мустафа го замолил место него да предложи некој друг член на ДСК.
Повтори дека не се залага за воведување вонредна состојба на косовската територија бидејќи мисли дека не се искористени сите безбедносни потенцијали на земјата.