Нема казни за угостители досега од Државниот пазарен инспекторат, иако мал процент на угостители се обидуваат да работат и покрај препораките да бидат затворени во насока на превенција од ширење на коронавирусот. Ова го истакна раководителот на Одделението-Тетово при Државен пазарен инспекторат Лилберт Мемети на денешната средба со новинарите.
-Сите пријавуваат и тоа е за поздравување од страна на граѓаните. Деведесет и пет отсто од градот е покриен со се селата, а тоа е дека ја почитуваат одлуката на Владата. Освен некои мали кафетерии по селата сакаат со некакви други методи да работат но тоа не е во нивна корист не ни во наша корист, ќе бидат затворени, вели Мемети.
Хисен Џемаили, министер без ресор во Владата истакна дека е важно граѓаните да продолжат со пријавување на недостатоци и злоупотреби.
-Преку владиниот кол центар граѓаните ќе можат да ги пријавуваат сите овие злоупотреби во рамки на Влада, во рамки на министерство за економија, за сите постоечки сектори може да се пријави злоупотреба, рече Џемаили.
Пред два дена беа затворени еден локал во Тетово и две кафетерии во Пирок.